Правила за процесот на регистрација и користење на услугите на веб страната на Салон29

Правила за процесот на регистрација

За купување на производи поставени на нашата веб страница мора да бидете претходно регистрирани на нашата страна. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци односно, име и Вашата е-маил адреса. По внесување на вашите податоци Салон29 ќе ви испрати меил каде што ќе можете да ја верификувате вашата корисничка сметка со кликнување на линкот содржан во меилот. По верификација на вашата корисничка сметка можете да продолжите со купување на нашите производи.

На почеток на веб страната на Салон29 се наоѓа мени каде што корисникот може да одбере повеќе опции. На веб страната на Салон29 има повеќе табови со различни категории. Со избор на табот „Продавница“ се отвара страна со набројани производи. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа во горниот лев агол на секоја страна. Во полето можете да ја внесете името на брендот или категоријата во која спаѓа продуктот (маса, стол и сл.). При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе приметите од десна страна од производот поле “Додај во кошница“. Со кликнување на тоа поле ќе ви се отвори известување кое ви дава можност да продолжите кон наплата, да продолжите со купување или да ја проверите вашата купувачка кошничка со кликнување на  полето „Погледни кошничка“. Со кликнување на „Додај во кошничка“ на истиот продукт, тој повторно ќе биде ставен во вашата Шопинг Кошничка. Со кликнување на полето „Проверка“ пребарувачот ќе ве однесе до табот за наплата, при што е потребно да се пополнат податоци за сметката како што се: Име и презиме, име на фирма (опционално), земја/регион, улична адреса, место/град, држава/регион, поштенски код, телефон и меил адреса како и начин на плаќање. Полињата кои содржат симбол ѕвезда * се задолижтелни и тие податоци ни се потребни со цел да може да извршиме достава на вашиот нарачан продукт.

Лозинка

За креирање на корисничка сметка задолжително треба да внесете сигурносна лозинка. Лозинката е по избор на корисникот и нема посебни барања за должината односно содржината на лозинката. Со цел заштита на Вашите личните лични податоци Салон29 препорачува да користите силна лозинка, односно Вашата лозинка да е од најмалку 8 алфанумерички знаци од кои една голема буква и еден посебен симбол.

Со цел да се заштити корисничката сметка и личните податоци на корисникот веб страната на Салон29 користи 4 нивоа на јачина на лозинки. Нивоата на лозинките зависи од тоа колку време ќе биде потребно да се пробие вашата лозинка. Нивото „Многу слаба“ и “Слаба“ нема да ви дозволи да продолжите со креирање на вашата корисничка сметка.

Нивоа на лозинки:

Многу слаба

Слаба

Средно

Тешка

Вие можете да ја промените Вашата лозинка. За да ја промените лозинката, при регистрирање по запишување на Вашиот меил, притиснете на опцијата „Си ја заборавивте лозинката?“, која што ќе Ве однесе во нов прозорец каде што ќе треба да ја запишете Вашата електронска адреса. Салон29 повторно ќе Ви испрати линк на Вашата елеткронска адреса, каде што со кликање на линкот ќе можете да ја промените Вашата лозинка. Доколку веќе сте логирани на вашата корисничка сметка, промената на вашата лозинка може да ја извршите во „My account“ – „Детали за сметката“.

Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого, и да не користите иста лозинка за повеќе кориснички сметки. Споделувањето на вашата лозинка ја зголемува шансата да бидете жртва на кражба на идентитет.

Запомнете дека секоја трансакција што ја правите, секоја страница што ја посетувате на Интернет остава траги. Овие „електронски траги“ може да се користат, без ваше знаење, за да се изгради профил за тоа каква личност сте и вашите интереси. Ако не сакате да бидете профилирани, вие сте охрабрени да ги користат најновите технички средства кои вклучуваат можност да бидете информирани секогаш кога оставате траги и да ги отфрлите таквите траги. Можете исто така да побарате дополнителни информации за Политиката за приватност на Салон29, како и кои се вашите права и како можете да ги остварите.

Права на субјектот на лични податоци

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

Назив:  Трговско друштво за производство, трговија и услуги САЛОН 29 ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

e-mail: [email protected]

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Славица Гудева

e-mail: [email protected]

Вашите права

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

– да се информирате од Салон29 околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;

– да побарате од Салон29 да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање;

– да побарате од Салон29 да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;

– да побарате од Салон29 да ги избрише Вашите лични податоци;

– да поднесете барање до Салон29 со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци

– да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.