PRIVACY POLICY

This Privacy Policy contains explanations for the processing of personal data during the visit and using the internet services available on our website www.salon29.com.mk

OBJECTIVES AND METHOD OF PROCESSING

Subject to processing are data on visitors to the website www.salon29.com.mk and buyers of products through this website (hereinafter “users”).

For the successful execution of orders, it is necessary to process the data for name and client surname, delivery address, email address and telephone number. With help from the mentioned data we can deliver the desired products, as well as inform the buyers for the current status of the order.

On behalf of Salon 29, we pledge that we will we protect the privacy of all our customers. We collect only the stated basic data for buyers (users) who are necessary to act on orders and inform customers in accordance with good business practices and in order to provide quality service. All data for buyers / users are carefully guarded against loss, destruction, counterfeiting or unauthorized access. Salon 29 employees are committed to respecting confidentiality your data and implement measures to protect them.

 

In addition to the above data, we collect, analyze and process data related to products that our customers search for and buy, as well as the pages that they attend. We use the obtained data in order to improve the offer and the appearance of our website and enable visitors to use it simply and safely and easily purchase.

Personal data are processed in a conscientious and transparent manner, in accordance with the valid ones regulations for protection of personal data, to the extent necessary and sufficient exclusively for achieving the goals of personal data processing. During the processing of personal data, the necessary technical and organizational measures are taken to ensure an appropriate level of personal data security, including protection against unauthorized or illegal processing, as well as their accidental loss, destruction or damage. Personal data is stored for as long as it takes to meet the objectives due to which personal data are processed.

 

The personal data that is processed is not shared with third parties except when it exists legal obligation and legal basis, exclusively in cases, in a manner and in a procedure such as determined in accordance with the applicable regulations for personal data protection. Besides, when for the needs of delivery of the ordered products to the buyers will be engaged authorized entities for performing postal services, the same as processors are obliged to provide protection of personal data that needs to be processed in the process of giving their services.

The website www.salon29.com.mk is not intended for persons under 14 years of age. Salon 29 is not for in order to collect and process personal data of persons under 14 years of age. In the case of a person under 14 years to submit his personal data without the consent of his / her parents and / or guardians, we should be notified immediately via the contact below. The website www.salon29.com.mk uses “cookies” or “cookies” to help users to adapt the use of the Internet to their needs.“Cookie” is a text file that is assigned to the hard drive of the user’s computer by network server. Cookies cannot be used to run a program or to transmit the virus to the user’s computer. They are assigned only to users and can be read by the network server in the domain that sent you. One of The basic purpose of cookies is to provide you with time-saving benefits. Details for the Cookie Policy are available at the following link.

USER RIGHTS

Users have the right to be informed about the processing of their personal data, and have the right to request access, correction or deletion of personal data, restrict the processing of their personal data or file a complaint. Users have the right to withdraw the given consent in connection with processing of their personal data.

USING PERSONAL DATA FOR DIRECT MARKETING PURPOSES POLICY

The personal data processed through the website www.salon29.com.mk can be used for direct marketing only with the consent of the persons whose data are processed.

Consent to the use of personal data for direct marketing purposes is given when registering on the Website by selecting the option – I agree to receive notifications by email, which consent is given solely for the purposes of direct marketing by sending notifications and marketing materials on the e-mail address provided by the consent provider, without linking such consent to the loss of any other right of the provider in relation to the services provided through the website.

Any person who has given consent to the use of his personal data for the purposes of direct marketing has the right at any time, free of charge and using simple means to modify or withdraw the consent to the processing of his personal data for the purpose of direct marketing by clicking on the option modify your preferences (for modification) and unsubscribe (for withdrawal of consent), which option is located at the bottom, ie at the bottom of the page of all marketing materials submitted for the purposes of direct marketing on the basis of the given consent, without linking such withdrawal of consent for the purpose of direct marketing with the loss of any other right of the provider in relation to the services provided through the website.

CONSENT AND CHANGE OF TERMS

Use of our services implies consent of the user to the stated terms of usage. We undertake to adhere to all of the above, and any changes to the terms become valid only after publication on this website.

CONTACT

All questions and requests regarding the processing of personal data through the website www.salon29.com.mk and in connection with this Privacy Policy, users can refer to Personal Data Protection Officer:

Caci Gudeva

Phone: +389 75 204 818

e-mail: [email protected]

Политика на приватност на САЛОН29

Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите е од најголемо значење за Трговско друштво за производство, трговија и услуги САЛОН 29 ДООЕЛ експорт-импорт Скопје (во натамошниот текст: “САЛОН29“), притоа земајќи ја предвид и природата на работењето како и податоците коишто се прибираат при нивното тековно работење.

Политика за приватност на САЛОН29 има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува.

Секоја активност поврзана со личните податоци, САЛОН29 ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон.

За целите на заштита на личните податоци, САЛОН29 има назначено Офицер за заштита на личните податоци (контакт податоци подолу), кого субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични податоци и за остварувањето на нивните законски права. Дополнително, заштита на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите на САЛОН29 е дел од Политиката за приватност чиишто одредби се задолжителни за сите вработени лица во САЛОН29.

1.  УЛОГАТА НА САЛОН29 СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

САЛОН29 согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци.

2.  ОСНОВНИ НАЧЕЛА

 

Како контролор, САЛОН29 обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела:

  • Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци;
  • Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;
  • Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите отузаради кои се обрабваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат;
  • Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни;
  • Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци;
  • Интегритет и доверливост – личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и
  • Начело на отчетност [accountability] – САЛОН29 е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци.

Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.

3.  КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ ОД СТРАНА НА САЛОН29

 

САЛОН29 собира, чува и обработува лични податоци што клиентите ги откриваат или веќе ги откриле на  САЛОН29, како и потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности со САЛОН29.

Примарен извор на лични податоци на САЛОН29 се оние лични податоци кои субјектите самите ги имаат дадено на САЛОН29, при пополнување на образецот за достава на продукти или со нарачување на производите кои ги продаваме (во случај на клиенти). Напоменуваме дека САЛОН29 обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката.

Особено, САЛОН29 може да врши обработка на следниве лични податоци:

Личните податоци што ги доставуваат субјектите на веб страната, како што се: име на клиент и меил адреса на клиент– во случај на онлајн нарачка на производите на САЛОН29.

Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи и Законот за евиденција во трудовата област. Податоци за вработените во САЛОН29 поопширно се објаснети во Анекс 3 на оваа Политика;

Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и Законот за евиденција во трудоавата област. Податоци за кандидатите за вработување во САЛОН29 се поопширно објаснети во Анекс 3 на оваа Политика;

Контактирање преку контакт формата на нашата веб страна: име, меил телефонски број и компанија. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на САЛОН29 поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Користење на нашата веб страна (системски логови): времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација, внатрешна резолуција на прозорецот на пребарување, активирање на JavaScript, Java вклучено/исклучено, колачиња вклучени/исклучени, длабочина на боја, Референтен URL, кликнувања – Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на задолжителните колачиња). Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на САЛОН29 поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Нарачување на продукти преку нашата веб страна: Име и презиме, име на фирма (опционално), земја/регион, улична адреса, место/град, држава/регион, поштенски код, телефон и меил адреса. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на САЛОН29 поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Регистрирање за нашиот билтен: Вашата е-пошта. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност. Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страната на САЛОН29 поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика

Личните податоци што ги обработува САЛОН29 се чуваат во хартиена и / или електронска форма.

4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

САЛОН29 ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со САЛОН29, за следните цели:

  1. Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено:

 

  1. да гo потврди идентитетот на клиентот;
  2. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со САЛОН29, вклучително и да преземе дејствија за наплата на достасаните побарувања на САЛОН29;
  3. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со САЛОН29 и да преземе дејствија за исполнувањето на обврските кон клиентите како и со цел извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да обезбеди ефикасно да го обезбеди бараниот услуга од САЛОН29;
  4. да ја оцени соодветноста за понуда на услуга

 

Б. Во контекст на законското и тековното работење на САЛОН29 и заштитата на нејзините права и законски интереси, особено:

  1. да ги развива и / или подобрува услугите што ги нуди САЛОН29 во однос на преференциите на клиентите;
  2. да одговори на Барања / Поплаки од клиенти;
  3. да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на САЛОН29;
  4. да спречи извршување на кривични дела (пр. измами) и да идентификува и собира податоци за незаконски активности, за физичко обезбедување на лица и имот (вклучувајќи го и системот за видео надзор);
  5. да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови,
  6. да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн.

 

Г. Врз основа на дадена согласност:

 

  1. за подобро разбирање на начинот на користење и интеракција со содржината на веб- страницата на САЛОН29, со користење “колачиња” (анг.: “cookies”);
  2. да ги подобри услугите што ги обезбедува преку веб-страница, за подобро корисничкото искуство.
  3. Да чува CV на кандидат за вработување подолго од 12 месеци

 

Во однос на горенаведеното, напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи:

  • за извршување на договор склучен со САЛОН29 или со цел преземање на потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред пристапување кон договорот;
  • за исполнување на законска обврска на САЛОН29 како контролор;
  • за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице;
  • за извршување на работи од јавен интерес; и
  • кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на САЛОН29 или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете.

 

САЛОН29 применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на САЛОН29, право на изразување на личен став и право на оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци, освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци.

5. КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ САЛОН29 МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ

 

САЛОН29 ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски овластувања.

  • Друштва за осигурување Сава осигурување (со седиште: Загребска бр. 28A, 1000 Скопје) – со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување) или осигурување на службените возила на САЛОН29;
  • Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000), со цел редовна комуникација со Секторот за заштита на потрошувачите
  • Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
  • Банки и други финансиски институции Прокредит Банка (со седиште: Манапо бр.7 1000 Скопје), Халк Банка (со седиште: Бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 1000 Скопје) Стопанска Банка АД Скопје (со седиште: 11 Октомври бр.7, 1000 Скопје), Силк Роуд Банка (со седиште: ул. Даме Груев бр. 1 1000 Скопје), НЛБ Банка (со седиште: Бул. Мајка Тереза бр. 11000 Скопје) со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и САЛОН29 и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на САЛОН29
  • Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,), со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
  • Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
  • Стопанска Комора (со седиште: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје)
  • Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
  • Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
  • Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци

  • Агенции за наплата на побарувања – со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
  • Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со САЛОН29
  • Надворешни изведувачи на ИТ услуги – со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на потрошувачите или до податоци на вработените
  • Сметководители – со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
  • Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти
  • Компанија која врши достава на нарачани продукти

 

САЛОН29 соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на САЛОН29, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со инструкциите дадени од САЛОН29 и со почитување на заштитни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци.

6. ПРАВИЛАТА ШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРИ ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ (ПРЕКУ-ГРАНИЧЕН ПРЕНОС)

 

САЛОН29 може да изврши пренос на личните податоци кои ги обработува во согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

САЛОН29, по потреба, на пример заради спроведување на Договор за користење на услуги од надворешни лица кога давателот на услугата е надворешно лице од странство, може да изврши пренесување на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и за тоа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. САЛОН29 исто така има право да изврши пренос на личните податоци и во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци односно по добиена Одлука за соодветност од страна на Агенцијата доколку проценила дека третата земја обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци.

ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД

 

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Сите добиени согласност од страна на субјектите на личните податоци се чуваат 6 години или до повлекување од страна на субјектот на личните податоци.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

7. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

–    Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

САЛОН29 ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на САЛОН29 ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на транспарентност, САЛОН29 ги информира субјектите на лични податоци за работите поврзани со личните податоци преку/: Информациите за субјектите на личните податоци достапно во продавницата на САЛОН29, и преку Известувањето за видео-надзор во сите места каде што има САЛОН29 поставено камери.

Напоменуваме дека САЛОН29 не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

  • Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од САЛОН29 дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

  • Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

  • Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од САЛОН29 да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, САЛОН29 ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност (во случај на директен маркетинг).

При бришење на личните податоци, САЛОН29 води сметка истите да се избришат и од страна на третите страни со кои САЛОН29 соработува а кои ги обработуваат тие податоци.

  • Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од САЛОН29 да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на САЛОН29.

  • Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до САЛОН29 во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на САЛОН29 или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат САЛОН29 да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

– Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

  • Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на САЛОН29 во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на САЛОН29, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата е достапно да следниот линк: [email protected] и истото можете да го поднесете на адреса „Бардфордска бр.2 Скопје – Карпош“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата [email protected] при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање.

Офицер за заштита на лични податоци за Трговско друштво за производство, трговија и услуги САЛОН 29 ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е назначено лицето: Славица Гудева и може да ја контактирате на следниот телефонски број: +389 75 204 818

НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања до САЛОН29.

 

Воедно напоменуваме дека бараните информации САЛОН29 ќе ги обезбеди без надоместок освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи САЛОН29 или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што соодветно ќе бидете известени.

Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, САЛОН29 донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема  предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите.

8. СИСТЕМ НА ВИДЕО НАДЗОР

 

САЛОН29 врши видео надзор во просториите само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените, и/или обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените простории.

Начинот на вршење на видео надзорот е подетално регулиран со Правилникот за начинот на вршење на видео надзор. Овој Правилник е изработен врз основа на Законот за заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој  Закон.

Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат до исполнување на целта за кои се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена. По истекот на овој рок снимките автоматски се бришат од системот на видео надзор. Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на САЛОН29 при водење на соодветни постапки согласно закон, и интерните процедури за начинот на чување и бришење на снимките. Видео снимките кои не се бришат автоматски односно кои се чуваат подолг временски период а за кои е исполнета целта, се уништуваат од страна на посебна Комисија за уништување на видео материјал.

На видливо и јасно место каде што е поставен видео надзор САЛОН29 има соодветно известување (налепница) која истакнува дека се врши видео надзор, како и податоци за името на контролот, целта на видео надзорот, рокот на чување на видео снимките, правата на субјектите на личните податоци, контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци, информации за каде се врши видео надзор како и начинот на кој може да се добијат дополнителни  информации.

9. ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

 

САЛОН29, може да ги користи личните податоци на субјектите со цел нивно информирање  за услуги на САЛОН29 или други слични промотивни активности коишто би можеле да ги интересираат, само по добиена изречна согласност. Друштвото не ги продава ниту дава личните  податоци дадени за оваа цел на незасегнати трети лица за нивни маркетинг цели.

Напоменуваме дека дадената согласност за оваа цел може да се повлече во секое време без надомест, преку два канали:

  1. Преку вршење телефонски контакт или
  2. Преку повлекување на согласноста со испраќање на барање до нашиот меил
  • Преку повлекување на согласноста со поднесување на барање до нашето седиште

 

10. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Доверливоста на личните податоци на клиентите на САЛОН29 има посебен фокус од страна на сите служби во САЛОН29.

САЛОН29 ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои      САЛОН29 гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи.

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на САЛОН29 и САЛОН29 има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.

Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци.

Во ваква ситуација, САЛОН29 веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица.

САЛОН29 има донесено соодветна процедура за начинот на кој вработените треба да пријават до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.

11. ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 

Политиката на Приватност е усвоена во 2022 година

САЛОН29 има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на САЛОН29 со цел усогласување со важечката правна рамка или  стандардите на друштвото, доколку истите се повисоки во однос на предвидените со националното законодавство.

Во ваков случај, САЛОН29 ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

12. КОНТАКТ ПОДАТОЦИ ЗА САЛОН29 И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

За било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност на САЛОН29 како и во врска со Политиките од Анексите во прилог на оваа Политика, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на еден од следните начини:

  • преку писмен допис којшто можете да го поднесете до САЛОН29 на адреса „Бардфордска бр.2 Скопје – Карпош“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“;
  • по електронски пат, на е-адресата[email protected]; или
  • преку телефонскиот број: +389 2 3092 671

 

АНЕКС број 1: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВЕБ-СТРАНАТА И ОНЛАЈН СЕРВИСИТЕ НА САЛОН29

САЛОН29 собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб – страница (во натамошниот текст: „корисниците“), достапна на следниот линк: https://salon29.com.mk/.

Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај САЛОН29 не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб- страници на трети лица.

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на САЛОН29 се     потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. САЛОН29 може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство.

Поконкретно, САЛОН29 ги собира следните податоци:

– Лични идентификациски податоци

САЛОН29 може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб- страницата и онлајн сервисите на САЛОН29.

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito mode)“ на интернет пребарувачот.

САЛОН29 ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до САЛОН29. Истите можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци.

Лични податоци кои САЛОН29 може да ги собира и обработува кога ги посетувате веб- страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата како и податоците кои може да ги оставите при креирање на корисничка сметка.

Личните податоци кои ги обработува веб страната на Салон29 се со цел да можеме да извршиме достава на нарачаниот продукт од нашата веб страница.

– Идентификациски податоци што не се лични

САЛОН29 може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на САЛОН29. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат:

  • Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации,
  • Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите,
  • Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата,

 

  • Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на САЛОН29 кои реклами и промоции ги прегледал корисникот и сл.,
  • Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб- страницата или е пристапено кон онлајн сервисите.

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот.

“Колачиња (анг.: Cookies)”

Веб – страницата на САЛОН29 може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на САЛОН29, да се идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата. „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на корисникот при следна посета на веб-страницата).

САЛОН29 користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории:

  • Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата.
  • Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот.
  • Маркетинг колачиња. САЛОН29 не користи „колачиња“ кои собираат податоци кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче од Google AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google.
  • Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на САЛОН29 и САЛОН29 нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.

При првата посета на веб-страницата на САЛОН29 посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на САЛОН29 и дава согласност за користење на истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците  да ја користат веб – страницата на САЛОН29 не е можно да се исклучат.

Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите.

Дополнително, користењето на веб-страницата на САЛОН29 не е условена од прифаќањето на  колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за корисничкото искуство на посетителот.

За повеќе информации поврзани со колачињата кои се користат на нашата веб страница, ве молиме прочитајте ја нашата Политика за колачиња која е поставена на нашата веб страна.

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите

 

САЛОН29 постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајн сервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците.

  • За подобрување на услугите на САЛОН29 кон клиентите

 

Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците за дадени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.).

  • За вршење на нарачка на производи од нашата веб страна

Личните податоци (Име и презиме, име на фирма (опционално), земја/регион, улична адреса, место/град, држава/регион, поштенски код, телефон и меил адреса.) ги користиме за да може да извршиме достава на нарачан продукт од нашата веб страна.

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Како што е опишано во Политиката за приватност на САЛОН29, САЛОН29 применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на веб – страницата или онлајн сервисите на САЛОН29.

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страницата на САЛОН29, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. САЛОН29 не ја контролира содржината или врските што се присутни на тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од веб – страницата на САЛОН29. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или  сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон веб – страницата на САЛОН29 е  предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Политиката за приватност е усвоена во 2022 година

САЛОН29 има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на веб – страната на САЛОН29, со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, САЛОН29 ќе објави известување на својата веб-страница со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката.

АНЕКС број 2: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА САЛОН29

Оваа Политика се однесува на вработените на САЛОН29, на практикантите и волонтерите во САЛОН29, вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст: “вработени”).  Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува САЛОН29 за вработените во  САЛОН29, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, заштитата, итн..

Категории на лични податоци на вработените што САЛОН29 ги обработува

Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на САЛОН29, САЛОН29 ги обработува следните лични податоци:

  • име, презиме и татково име на работникот;
  • единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ);
  • ден, месец и година на раѓање;
  • место на раѓање (општина, населено место и држава);
  • пол (машки-женски);
  • живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава);
  • припадност на заедниците;
  • религиска припадност;
  • учество во синдикат;
  • место на работа (општина, населено место, улица и број, држава);
  • степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука);
  • степен на стручна подготовка, (НКВ, ПКВ, КВ, ВКВ, ССО за занимање):
    • завршени програми    за     стручно    оспособување    (обука,    доквалификација    и преквалификација) и
    • посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на странски јазици и други вештини);
  • шифра и опис на занимање;
  • работно време на работникот (полно работно време или скратено);
  • стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот;
  • траење на работниот однос:
    • на неопределено време и
  • на определено време;
  • број на трансакциска сметка;
  • износ на плата;
  • податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни;
  • дали е трудов инвалид (здравствени податоци);
  • датум на засновање на работниот однос;
  • датум на престанок на работниот однос;
  • основа за престанок на работниот однос.

 

Цели на обработка на личните податоци на вработените на САЛОН29

Во однос на целите на обработката, истите се елаборирани во  Политиката  за приватност на САЛОН29, односно за цели за исполнување на законски обврски на САЛОН29, како и исполнување на договорните обврски со вработените на САЛОН29.

Дополнително, САЛОН29 ги обработува личните податоци на вработените на САЛОН29 и за потребите на легитимниот интерес на САЛОН29, во следните ситуации:

  • Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн…;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Обезбедување на договорни бенефиции за вработените;
  • Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на САЛОН29, со цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност;
  • Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба;
  • Проценка за потребите за обуки;
  • Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените;
  • Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично;
  • Деловно планирање и реструктуирање;
  • Справување со правни постапки против САЛОН29;
  • Спречување на измами;

 

Посебни категории на лични податоци на вработените на САЛОН29

 

Посебни категории на лични податоци кои може да ги обработува САЛОН29 се:

  • Здравствени податоци;
  • Етничка припадност;
  • Религиска припадност;
  • Синдикално учество.

 

Посебните категории на лични податоци се обработуваат заради:

  • интерните процедури за отсуство на вработените од здравствени причини;
  • извршување на разумни прилагодувања за лица со попречености;
  • одредување на неработни денови согласно изјаснетата религиска припадност на вработените на САЛОН29;
  • за финансиска помош на вработени и/или членови на нивното поблиско семејство во случај на потешки здравствени и сл. вид на незгоди/несреќи.

 

Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, САЛОН29 не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката.

Корисници и пренос на лични податоци

САЛОН29, доколку е потребно може да ги открие личните податоци на овластени колеги од  секотрите во рамки на компанијата, кои обработуваат лични податоци врз основа на договор и дадена изјава за тајност и заштита, и кои вршат увид на податоци само доколку се овластени од страна на управител доколку е неопходно со цел да ги извршат своите работни задачи; соодветен раководител заради менаџирање со работните обврски; вработените во Секторот за кадри на САЛОН29 заради оддржување на досиејата на вработените и/или внесување на податоците во соодветните системи.

Безбедност на обработка на лични податоци

 

САЛОН29 ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на лични податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, САЛОН29 ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијата на вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал, Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на обработката на личните податоци.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Снимките направени од видео надзорот се чуваат најмногу 30 денови по што автоматски се бришат.

Автоматско донесување на поединечни одлуки

 

САЛОН29 не ги обработува личните податоци на вработените за носење автоматски одлуки поврзани со вработените.

Права согласно Законот за заштита на личните податоци

 

Правата на вработените во врска со личните податоци и начинот како да ги остварат истите се опишани во Политиката за приватност на САЛОН29.

Податоци за контакт

За сите прашања со оваа Политика или други прашања поврзани со заштитата на личните податоци, контактирајте ја САЛОН29 на начин опишан во Политиката за приватност на САЛОН29.

АНЕКС број 3: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО САЛОН29

 

Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во САЛОН29 (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува САЛОН29 за кандидатите за вработување, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на чување на истите, итн..

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување што САЛОН29 ги обработува

САЛОН29 ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа:

  • Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број;
  • Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци;
  • пол;
  • информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување;
  • документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија;
  • возачка дозвола (за одредени работни позиции).

 

Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во САЛОН29

Дополнително, САЛОН29 има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели:

  • Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично;
  • Донесување на одлуки за платата и други бенефиции;
  • Проценка за потребите за обуки.

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на САЛОН29. При горниот случај, САЛОН29 може да побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 година.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци

Како кандидат за вработување во САЛОН29, САЛОН29 ги открива личните податоци на раководителот на Секторот за работното место за коешто аплицирал кандидатот, како и на останатите вработени лица во САЛОН29 задолжени за интервјуирање и селекција на кандидати.

Безбедност на обработка на личните податоци

САЛОН29 ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба.

Време на чување на личните податоци

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, САЛОН29 ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна.

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа САЛОН29 нема согласност од кандидатот да ги чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во САЛОН29, личните податоци ќе ги чува  најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција.

Доколку САЛОН29 побарала и добила согласност за чување на личните податоци за идни отворени работни позиции во САЛОН29, податоците ќе ги чува во период од 1 или 2 години, во зависност од согласноста.

По завршување на овој период САЛОН29 ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста.

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на САЛОН29.